Нарушување на јавниот ред и мир вчера околу 15.45 ч. регистрирала струшката полиција ул.„Браќа Миладиновци“. Инцидентот се случил во близина на кафе бар кога М. К. (46) од с.Шум-Струга физички ја нападнал Ј. А. (21) од с.Долно Свиларе–Скопје.
Според МВР, М.К. под дејство на алкохол, почнал расправија со Ј.А. во кафе барот и откако истата излегла да си оди и тој излегол надвор ја фатил за коса и ја удирал, навредувајќи ја, а во еден момент извадил пиштол непозната марка, го вперил кон неа и се заканил дека ќе ја убие.
ПС-Струга превзема мерки за расчистување на случајот.
извор: МВР












