Со пливачки митинг и меѓународна охридска веслачка регата стартува Ohrid Water Festival
19.08.23 11:35
Со пливачки митинг и меѓународна охридска веслачка регата стартува првото издание на Ohrid Water Festival.
На „ОВФ пливачкиот митинг“ како што претходно информираа организаторите, ПК „Акваспирит“, учествуваат над 150 пливачи и има пливачи од три клубови од Р.Србија, по еден клуб од Косово, Албанија, и Велика Британија. Вкупно има учесници од 15 клубови и школи. На митингот натпреварувачите имаат можност да настапат во 8 различни дисциплини поделени во 6 возрасни категории.
Meѓународната веслачка регата Охрид претставува продолжение на меѓународно познатата Илинденска веслачка регата. Домаќин на регатата е Веслачкиот клуб Горица Ремо од Охрид. Трките се одржуваат во дисциплините скиф и дублскул. На регатата се натпреваруваат веслачи во возрасните групи: под 14 години, 15-18 години и сениори.
Во рамки на спортскиот дел на Фестивалот опфатени се 17 настани, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи на 26 август.
Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има исклучителна универзална вредност за нас, порача министерот за транспорт Александар Николоски од Париз На средба во седиштето на УН...
Во тиражниот кинески весник Macao Daily News (Макао Дејли Њуз), во додатокот за литература и култура „Огледално море“ (Mirror Sea / 鏡海) на една страница се објавени песни од македонскиот поет Славе...
Водата во Струга e забранета за секаква употреба откако е констатирана висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот Првичните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид пока...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.