Владата донесе одлука за издвојување на 60 милиони денари од државниот буџет за субвенционирање на домашниот туризам и граѓаните со ниски примања. Со овие средства ќе се обезбеди 5 дневен одмор во домашните угостителски капацитети, вон сезоната, на семејства со месечни примања до 22 илјади денари.

На работниците со примања до 22.000 денари, им се нуди да искористат годишен одмор, вон сезона, во туристичките центри на Република Македонија, сами или со членовите на потесното семејство во вкупна вредност од 15.000,00 денари, информира министерот за економија, Крешник Бектеши. Со оваа мерка, според Бектеши, покрај работниците, исто така имаат корист и туристички центри и хотели кои веднаш по завршувањето на летната сезона работат со минимален капацитет и на тој начин ќе им се помогне да го зголемат бројот на туристи надвор од туристичката сезона.

“Одморот ќе се организира во нашите туристички центри надвор од живеалиштето, каде што апликантите живеат за период не подолг од 5 дена, а потврдата ќе ја издаде Министерството за економија,  според принципот” Прв дојден, прв услужен”, рече министерот Бектеши. Министерството за економија во наредните денови ќе објави два јавни повици: еден за интересот на хотелските објекти кои ќе добијат потврди од Министерството за економија и уште еден јавен повик за добивање на потврда за организирање на одмор за граѓаните.

Јавните повици ќе бидат објавени во дневните весници и веб страната на Министерството за економија, каде што ќе може да се најдат подетални информации.

OhridNews