Со поетско – музички хепенинг, одржан, во селото Црвена Вода, во историската Дебрца, заврши овогодинешната, традиционална, книжевната манифестација, „Струшки книжевни средби – 2018“.
При посета на селото Белчишта гостите беа пречакани од страна на градоначалникот Зоран Ногачески, а на средбата во Белчишта беше и градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски.
По кратката презентација за карактерот на општина Дебрца, следеше видео проекција за природниот резерват “Сини Вирој”. Потоа, заедничка посета на Интернационалната Колонијата за ликовна уметност и Ликовната галерија во село Белчишта како и Домот на Белчишкиот гајдаџија, Целе Блажески.
Групата подоцна се упати кон селото Црвена Вода, каде беа посетени родната куќа и “Спомен собата” на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца односно спомен собите на НОБ и ПОМ.
Пред историска зграда, седиште на Главниот штаб на НОВ и ПОМ во Втората светска војна, за настаните во селото во 1943 година, ззборуваше претседателот на Ветераните од Охрид, полковник Добре Вељаноски, кој им ја презентираше и “Спомен собата на НОВ и ПОМ”, односно Главниот Штаб на народната војска,, воден од генерал Михајло Апостолски.
Во Црвена Вода, учесниците и присутните гости, има можност да го погледаат ИЗБОРОТ од вредните дела на реномирани ликовни уметници–учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, мегу кои: Јордан Манасиески, Ѓоко Целески, Васко Ташковски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Сергеј Андреески, Мето Георгиевски, Петар Мазев и многу други, кој им го приредија основачот на Колонијата Ѓоко Целески и светски познатиот сликар Јордан Манасиески и самите присутни на настанот.
На самото место, на мини ”Ликовната колонија”, свои ликовни дела ќе создава познатото уметничко и брачно дуо: Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје, единствени, како такви, на Балканот.
Поетите, членови на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија, како и оние од Хрватска, членови на “ХKД” од Задар и “Ритам мисли” од Вараждин, ги поздрави амбасадорот Љупчо Арсовски, член на невладиното здружение Македонско-хрватска Тангента, соорганизатор на настанот.
Градоначалникот на Дебрца, Ногачески, претседателот на Собранието на ДПМ, професор д-р Христо Петрески и поетот, член на Светската академија на поеззијата при УНЕСКО, Мајо Даниловиќ, го открија спомен обележјето во родната куќа на писателот Ванчо Николески, каде се читаше детска поезија..
На крајот,учесниците имаа можност да ги почувствуваат вкусовите на “Традиционална македонска софра” подготвена од страна на жителите на селото, а сето тоа пропратено со прекрасната поезија на присутните поети.
OhridNews












