Од СВР Охрид информираат за инцидент што се случил вчера, околу 17 часот, на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид, во кој две охриѓанки го нарушиле јавниот ред и мир со карање, викање и фрлање предмети. На инцидентот му претходела и вербална расправија, што се случила истиот ден околу 14 часот, во која учествувала една од пријавените и уште една охриѓанка. Натамошниот тек на нарушувањето е спречено со интервенција на полициските службеници. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
Во однос на состојбата со коронавирусот, на подрачјето на СВР Охрид, во моментов, во изолација се 109 лица, од кои 45 во Охрид, 45 во Струга-45 и 19 во Кичево. Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 10 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 30 лица (Охрид-18, Струга-7, Кичево-1, Дебар-4). Врз овие лица, извршени се 14 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 67 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-7, Струга-6, Кичево-42, Дебар-12).
OhridNews












