Можноста да дојде до уништување на зелените површини од страна на учесниците на митинзите беше наведена како главна причина поради која од страна на советот на општина Охрид беше донесена одлуката митинзите на политичките партии да се одржуваат на градскиот полигон, а не на плоштадот.
Како што е најавено, освен ВМРО- ДПМНЕ, останатите политички партии изборните митинзи ќе ги одржат на просторот на некогашниот полигон за мали спортови, кој од страна на локалната самоуправа деновиве се средуваше за оваа намена.












