Со помош на донатори општина Охрид и јавното комунално претпријатие ќе ја продолжат реализацијата на проектот за примарна селекција на отпад, што беше отпочната со финансиска поддршка на УСАИД. За таа цел утре во Охрид ќе биде организирана донаторска конференција на која, како што информираше в.д. директорот на ЈП „Охридски Комуналец“,Сашо Алче, се поканети сите амбасади во Република Македонија.


Целта е да го свртиме вниманието на странсските амбасади и да влеземе во нивните програми за 2010 кои сега се планираат. Во моментов само една петтина од градот е покриена со корпи за примарна селекција на отпад, а сакаме тоа да го направиме на територијата на целата оптшина. Примарната селекција е директива на ЕУ, а целта е  намалување на количеството на отпад и негова употреба како суровина во производството.  Во земјите од ЕУ до60% отпадот се употребува како суровина. Тоа пред се значи голема заштеда на суровини но пред се заштита на животната средина, истакна Алче на прес конференцијата што се одржа денеска.


Поддршка на напорите на општината најави УСАИД од каде посочија дека Охрид мошне успешно го спровел проектот за селекција на отпад.

Верувам дека донаторската конференција ќе даде резултати и проектите на јавното комунално претпријатие ќе бидат подржани од донаторите, за да може да се реалзира програмата за селектирање на отпадот, истакна Аријан Тоска од УСАИД.

На донаторската Конференција ќе стане збор и за Нацрт законот за справување со отпад од пакување.

Ohridnewsw