Европскиот првак Олимпијакос имаше лош старт во финалната серија од домашниот шампионат откако на домашен терен претрпе пораз 64-51 од Панатинаикос.

Во целокупното сивило во тимот на Олимпијакос се вклопи македонскиот репрепрезентативец Перо Антиќ, кој за нешто повеќе од девет минути на паркетот не успеа да постигне кош.

Единствен кошаркар, кој беше расположен за игра беше Спанулис со 11 поени, но и тој беше далеку од формата која во Евролигата му донесе МВП признание.

Мх.П.