Честитки по повод божикните и новогодишни празници упатуваат политички партии, советници, јавни претпријатија…

ВМРО ДПМНЕ на сите православни христијани во Република Македонија, им го честита денот на Христовото раѓање – Божиќ.

-Празнувањето на денешниот ден преставува празнување на животот, заедништвото со Бога, се одбележува силната и искрена верба во спасението, симболично се означува новиот почеток, никулецот на животот кој значи верба во доброто, надеж за спасение и љубов кон ближните, се вели во пораката.

Честитка по повод прославата на Христијаскиот празник Рождество Христово Божиќ, упати советникот при Општина Охрид Кујтим Усеини.

-Во деновите на празнувањето на Христовото рождество, во домовите на моите сограѓани, православни верници, нека владеат мирот и спокојството ; благосостојбата, љубовта и хармонијата. Во деновите на духовна вознесеност нека им се исполнат срцата со задоволството од она што, секој посебно и сите заедно како заедница, сме го постигнале и кон што тежнееме. Притоа нека не храбри мислата дека само со меѓусебна почит и соживот ; со љубов и надеж ќе можеме да создаваме нови вредности за лично и семејно добро ; за доброто на сите сограѓани ; за Охрид како најубав град.се вели во честитката од советникот Усеини.

Празнична честитка исптраи и јавното претпријатие „Билјанини извори“.

– Убеден сум дека во наредната година ќе преовладаат заедништвото и солидарноста за остварување на единствената наша цел, Охрид да постане и Спортски центар на Балканот. ЈП Билјанини Извори во Новата 2012 година макотрпно ќе работи, Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори да постане вистински дом за сите спортски клубови, спортски школи, рекреативци, граѓани на Охрид. Во име на сите вработени во ЈП Билјанини Извори и во мое лично име Ви ја честитам новата година и Божиќните празници и Ви посакувам се најубаво во наредната година, пред се здравје и бериќет, а потоа и многу заеднички успеси на спортски и професионален план.-се вели во честитката на директорт на ЈП „Билјанини извори“, Боро Шаин.

OhridNews