Долни сарај

Од 30.08.2020 - 21:00 до 30.08.2020 - 22:30

Со премиера изведба на претставата „Бог на масакрот“, во изведба на НУ „Турски театар“ од Скопје,вечерва во 21 часот на сцената Долни сарај, се спушта завесата на 60-то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Воедно со оваа претстава НУ „Турски театар“ од Скопје одбележува 70 години постоење.

Претставата е работена според текст на Јасмина Реза, а режијата е на Билге Емин.

Претставата започува со мислата „Дека без оглед на сé, постои нешто што се вика уметност на соживот“ но со развојот на дејствието започнува да се доведуваат во прашање виталните животни вредности како што се: брак, деца, професија, социјална средина, статус итн. Во текот на овие анализи се согледува дека насилството постои во нас а дивјаштвото е дел од нас.

Егото го води човекот до изумирање. Без оглед колку човекот се обидува да излезе од системот, системот го привлекува. Не можете да се спротивставите на системот. Во мигот кога ќе се спротивставиш твојот „Бог на дивјаштвото“ ќе биде уништен од неговиот Бог на дивјаштвото. Важно е: Дали да се држи чекор со системот или не? Дали да се  постигне решение на проблемот или не? Сето тоа е определено од одлуките и изборот на поединецот. – вели режисерката Билге Емин.

Фестивалот Охридско лето оваа година се одржа со скратена програма поради корона вирусот Ковид 19.

Од 4-ти до 30 август на сцените на Антички театар, Долни сарај, предворје на Св. Софија, како и црквата Св Софијат настапија околу 300 уметници од 19 земји, кои и во услови на здравствена криза ја продолжија извонреднта фестивалска традиција долга шест децении.

OhridNews