Центар за култура „Григор Прличев“

Од 27.03.2021 - 18:00 до 27.03.2021 - 20:00

Со изведбата на претставата „Сопружници” – Вуди Ален во режија на Драгана Таневска, Охридскиот народен театар вечерва ќе го одбележи светскиот ден на театорот.

Претставата почнува во 19 часот. Цената на билетот изнесува 200 денари.

“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – Драгана Таневска.

Во претставата играат:

Гејб – Ивица Цонев

Џуди – Елизабета Стефановска

Џек – Никола Тодороски

Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска

Мајкл – Филип Кипровски

Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев

Костимограф – Ванчо Василев

Инспициент – Филип Ангеличин – Жура

Светло – Борис Велјаноски

Тон – Митко Серафимоски

Избор на музика – Драгана Таневска

Дизајн на плакат – Борис Далчев

OhridNews