Денес, со почеток во 18 часот, Женски центар „Бисера“ во соработка со основните охридски училишта и детските градинки, ќе го одбележи Меѓународниот ден на таткото.

Манифестацијата ќе се одржи во ОУ „ Братство и единство“, каде со своја програма ќе се претстави секое училиште, при што ќе бидат  доделени и признанијата за наградените творби на претходно распишаниот конкурс на тема „Татко“.

OhridNews