Со пригодна програма ќе биде одбележан јубилејот 120 години од херојската погибија на Христо Узунов
16.04.25 10:49
Општина Охрид и ООУ „Христо Узунов“ со пригодна програма ќе го одбележат јубилејот 120 години од херојската погибија на Христо Узунов.
Настаните од програмата започнуваат во вторник, 22-ри април, со полагање цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.
Во среда, 23-ти април, ќе биде одржана Свечената академија во спомен – куќата на Христо Узунов со почеток во 12:00 часот. Во рамки на настанот ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски, а предвидена е и културно – уметничката прогама каде ќе настапи градскиот хор „Вокс Лихнидос“, ќе има драмска изведба на сцени од драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.
Вечерта од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечената програма по повод патронатот на ОУ „Христо Узунов“.
Во четврток, 24-ти април, предвидено е полагање цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов во градскиот парк во 10 часот, додека од 11:00 часот во селото Цер, Кичево, ќе се одржи панихида.
Обилните врнежи од дожд покрај проблемите со поплавите и излевање на реките предизвикуваат проблеми и со одрони на патиштата Попладнево одрон е заблежан на патот во близина на хотел Гранит На возач...
По повод празникот Свети Стефан, во истоимениот манастир во близина на Охрид, денес и утре, втор и трет ден Божиќ, ќе се одржат богослужби Денес во 16 часот ќе се богослужи вечерна богослужба, а ут...
Во текот на првата недела од 2026 година (29122025 – 04012026), во Македонија се пријавени 1725 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 2,2 пати повеќе во споредба с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.