Со пригодна програма ќе биде одбележан јубилејот 120 години од херојската погибија на Христо Узунов
16.04.25 10:49
Општина Охрид и ООУ „Христо Узунов“ со пригодна програма ќе го одбележат јубилејот 120 години од херојската погибија на Христо Узунов.
Настаните од програмата започнуваат во вторник, 22-ри април, со полагање цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.
Во среда, 23-ти април, ќе биде одржана Свечената академија во спомен – куќата на Христо Узунов со почеток во 12:00 часот. Во рамки на настанот ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски, а предвидена е и културно – уметничката прогама каде ќе настапи градскиот хор „Вокс Лихнидос“, ќе има драмска изведба на сцени од драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.
Вечерта од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечената програма по повод патронатот на ОУ „Христо Узунов“.
Во четврток, 24-ти април, предвидено е полагање цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов во градскиот парк во 10 часот, додека од 11:00 часот во селото Цер, Кичево, ќе се одржи панихида.
Паднато дрво на патниот правец Охрид – Кичево, во близина на селото Ботун, општина Дебрца, го попречило движењето, поради што сообраќајот е во прекин Информацијата ја потврдија од Општина Дебрца Сп...
Почесен црн појас први дан доби потпретседателот Зоран Парулески, а Федерацијата викендов ја очекува настап на „Перник Опен“ во Бугарија Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски се првите носители на ма...
ГФК Охрид Лихнидос ја прекинува соработката со фудбалерот Валентин Кочоски, соопшти вечерва второлигашот од Охрид Како причина за ваквата одлука, клубот наведува непрофесионално однесување на фудба...