По повод Денот на крводарителството во Македонија, денес Црвен крст Охрид во Центарот за култура “Григор Прличев” одржа свеченост на која им се заблагодари на заслужните крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредувањето на крводарителството.


На оваа средба особено сакам да ги поздравам и истакнам вашите дела, на крводарителите и на сите оние кои придонеле за развојот на крводарителството. Дарувањето крв е доброволно и израз на високи етички, хумани, морални и патриотски вредности, но и граѓанска должност и обврска на секој човек. Човечката крв е лек кој единствено може да се обзбеди преку дарување. Да се дарува крв и спасат животи е најубаво и најблагородно дело кое може да го исполни човекот, им се обрати на крводарителите претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.


Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции, изминатата година Црвениот крст – Охрид има реализирано 2. 675 дарувања крв, односно предвидениот план е надминат за 56 проценти.

OhridNews