ООУ „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник. Чествувањата започнаа со положување на ловоров венец на бистата на Прличев во училишниот двор, по што следеше читање на второ и третонаградените литературни творби.

Пригодната свеченост која се одржа вчеравечер започна со химната на училиштето „1762 лето“ во изведба на хорот, а под диригентската палка на Боби Спироски, по што следеше обраќање на директорката на училиштето Лилјана Ефтимовска.

Синоќа училиштето блескаше од позитивна енергија и насмевнати лица. По повод великанот Прличев, неговите следбеници Прличевци го исполнаа просторот со стиховите од „Сердарот“, со детска игра и песна, кои причинуваа огромна радост кај сите присутни. Со истата чест и привилегија Прличевци ќе продолжат да чекорат по стапките Прличев, велат од училиштето.

Пред почетокот на свеченоста беше отворена ликовната изложба и беа доделени награди за најуспешните ученици.

Н.С.Ј.