Со црковни активности и пригодни свечености, викендов, се одбележува  јубилејот 180 години од изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско.

По тој повод, вчеравечер, во храмот се служеше празнична вечерна богослужба, по која беше промовирана книгата „Галерија на икони при црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ од д-р Сашо Цветковски, чиј промотор беше академик Цветан Грозданов.


Денес, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, Каменско се служеше  света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваше Неговото Блеженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со Митрополитите Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Повардарски г. Агатангел.


Се смета дека црквата  „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, е изградена и живописана во  17 век, а била проширена во 1832 година, што како година стои врежано над влезната порта во дворот на црквата. Црквата била живописана уште два пати, првиот пат од познатиот зограф Дичо Зограф во 1863 година и втор пат во 1924 година.

OhridNews