Со затоплување на времето во сообраќајот се враќаат и скутерите и разните други мопеди. Но, доаѓаат и проблемите. Само во изминатите денови се случија две, за среќа, помали сообраќајни несреќи, во кои учествуваа  скутери. Едната на која сведок беше екипата на „Оhridnews“ се случи на крстосницата кај поранешна „Охридија“, а другата се случила кај „Пентекс“.


Со пролетта се појавија скутерите, но и сообраќајките

Искусните моторџии велат дека покрај невнимателноста и недисциплинираноста на возачите на мопеди и скутери, кои најчесто се млади лица, дел од вината сносат и возачите на автомобили. Тие според нив не внимаваат доволно на скутерџиите на кои одвикнале во зимските месеци. Затоа искусните моторџии апелираат до младите возачи на скутери да ги почитуваат правилата и да носат заштитни шлемови, а возачите повеќе да внимаваат на моторите.

Ohridnews