Со промоција на документарниот филм „Танцот на пастрмките“ и изложба на подводна фотографија, вторник, 17-ти јануараи, во Центарот за култура со почеток во 19 часот, почнуваат активностите за одбележување на големиот верски празник Богојавление- Водици.

На 19-ти јануари, четврток, кога во Охрид се очекуваат и голем број гости од земјава и странство, во 7 часот ќе има утрена богослужба во сите парохиски храмови, а во 8.30 часот ќе започне светата божествена литургија, по што во 9.45 часот ќе следи поаѓање на литијата кон градското пристаниште каде во 10 часот ќе се фрла крстот во осветените води.

Во 12 часот ќе се одржи и традиционалното групно крштевање на Сараиште, како и крводарителска акција во студентскиот дом „Никола Карев“ која ќе трае од 9 до 14 часот.

На 20-ти јануари во 12 часот на Сараиште ќе се одбележи Денот на рибарите каде ќе се подготвува рибина чорба, а присутните ќе уживаат и во звуците на староградската музика со ансамблот „Билјана Јуниор“.

OhridNews