Лицето Р.Ш.(34) од  струшкото  село  Радолишта вчера попладне испукало три  куршуми во правец на автомобил „Голф“  со охридски регистерски таблички управуван  од Ш.И. (47).

Според полицискиот извештај инцидентот се случил околу 16 часот, во месноста  ,,Езерски Лозја’’   во близина на Струга при што нема повредени и не е предизвикана материјална штета. Причина за пукањето било  долгорочното нетрпение помеѓу семејствата на  Р.Ш. и  Ш.И.

Увид на лице место извршиле Истражен судија , Јавен обвинител и екипа од Полициската станица од Струга, при што на лице место пронајдена и подигната е една чаура.

Истиот ден  по наредба на Основниот суд од Струга извршен е претрес во станот на Р.Ш., каде е пронајден и одземен пиштол со калибар 7,65мм и 57 куршуми кој  го поседувал со дозвола.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на Р.Ш. и за  расчистување на случајот.

OhridNews