Целта на иницијативата е зајакнување и промоција на меѓукултурниот дијалог во деловите од Македонија каде што живеат млади лица со различно етничко потекло. Во состав на активностите, формиран е и тим од тренери (пеер-едукатори) кои одржуваат работилници на теми од областа на меѓукултурниот дијалог.
Овој проект се спроведува во рамките на Годишната програма на Коалиција СЕГА за 2012 година која е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas- имплементирана од ЦИРа и финансирана од SDC.