Со регионално здружување до милионски средства за локален економски развој на општините
24.09.08 12:50
Општините во регионалното здружување треба да го препознат соспствениот интерес и преку реализација на заеднички проекти да ги остваруваат полесно своите развојни цели. Ова меѓу другото беше истакнато на финалната презентација на Програмата за регионален економски развој на Југозападниот плански регион во кој спаѓа и општината Охрид, која е поддржана од Германското Друштво за Техничка Соработка (ГТЗ-РЕД).
Седиштето на Југозападниот плански регион во кој спаѓаат 13 општини, ќе биде во Охрид, што е од исклучително значење за општината, истакна градоначалникот Александар Петрески. Тој информираше дека регионот е регистриран и наскоро ќе започне да функционира со полн капацитет.
Регионализацијата на Македонија е во рамки на европските интегративни процеси, вели Аница Палацо од ГТЗ. Таа посочи дека Европа веќе функционира на региони, кои се во натпревар за привлекување инвестиции. Во Македонија во мај 2007.г е донесен Закон за регионален развој, согласно кој земјата е поделена на 8 плански региони, за кои согласно законот ќе се одвојува 1% од бруто националниот приход. „ Секоја година регионите ќе треба да достават листа на проекти кои ќе се финансираат, но доколку тие средства не се искористат се префрлаат на друг регион“, посочува Палацо. Според пресметките, за реализација на проекти Југозападниот регион годишно ќе може да искористи и до 7 милиони евра.
Капацитетот на општините и натаму е најголем проблем, оценува Јенс Адлер, раководител на ГТЗ-РЕД.
Токму затоа фокусот во наредниот период ќе биде ставен на зајакнување на капацитетите на македонските општини, кои во моментов се на половина пат да го достигнат нивото на развој на кое се наоѓаат општините во Европа сега, смета Адлер.
Процесот за изработка на Програмата за развој на Југозападниот плански регион е активност која се остварува во рамките на Програмата за Регионален Економски Развој (РЕД), со поддршка од Германското Друштво за Техничка Соработка (ГТЗ). Оваа програма започна да се спроведува од 1 јануари 2008 година, а нејзината основна цел е поддршка на изградбата на институционалните капацитети за регионален развој.
Денес со почеток од 19:00 часот во Охрид Мол, како дел од детската програма на Општина Охрид за најмладите, Културата расте со децата „За сите деца“, драмското студио „ЦВЕТ 75“ ќе одигра две театар...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарк...
Во текот на седмата недела од 2026 година (09-15022026), во Македонија се пријавени 1150 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 11,9% помалку во споредба со претход...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.