Од денес па во наредните три дена , екипи на „ Јавна хигиена“ спроведуваат акција за отсранување на гумите за џвакање од плочите по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“, кај Чинарот.
Самиот процес на чистење се врши во раните утрински часови, кога по чаршијата нема многу посетители, а отстранувањето на гумите за џвакање го вршат 5 комунални работници со специјални шпакли.
OhridNews