Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од струшкото село Горно Татеши, 53-годишно лице од селото Делогожда и 45-годишно лице од селото Велешта.

  • Пријавените во текот на 2017 година, како службени лица вработени во правен субјект во државна сопственост, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, истото, покрај во службените, го точеле и во сопствените приватни возила, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Притоа, прикажувале лажни сметки и налози со што, се стекнале со противправна имотна корист од 640.041.84  денари.