Четвртата претстава во сопствена продукција со која успешно завршува првата сезона на возобновениот охридски театар, до солзи ја насмеа публиката која со неколку минутни овации ги испрати актерите од сцената.
Претставата „Ај да си речеме уште една“ во режија на Андреј Цветановски, е испреплетена со стари познати народни песни кои се дел од богатото културното наследство на Македонeцoт, кој преку преку фолклорот успеал да го зачува својот идентитет низ вековите низ кои поминувал низ разни премрежија.
Во претставата настапува комплетната екипа на Народниот театар од Охрид, а како специјални гости се појавуваат и изведувачи на традиционални народни инструменти од Вевчани. Охридската публика уживаше во извонредната изведба, а единствен пропуст беше незагреаната сала, што е стара болка на Центарот за култура.
Реализацијата на претставата „Ајде да си речиме уште една“ е поддржана од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Претходно таа уште беше изведена и во Вевчани, Кичево и Македонски Брод.
Овации за актерите на Народниот театар Охрид