Кошаркарот на Орландо Меџик, Бено Удрих преку СМС порака го откажал настапот за селекцијата на Словенија на Евробаскетот.

Токму „змајчеките“ се домаќини, а откажувањето на Удрих ќе преставува голем удар за нивните амбиции на континенталниот собир.

Претходно своето учество на ЕП го негираше членот на Барселона, Лорбек, кој заедно со Удрих требаше да го бидат страв и трепет за противничките кошеви.

Словенија во групата се наоѓа со актуелниот првак Шпанија, Полска, Хрватска, Чешка и Грузија.

Мх.П.