Со спектакуларни огномети Новата 2020 година ја пречекаа жителите на Нов Зеланд и Австралија.

И покрај бројните пожари кои беснеат во Австралија, традиционално, спектакуларниот новогодишен огномет се одржа во Сиднеј. Во голем број градови на источниот брег на Австралија огнометите се откажани поради страв од нови пожари.

Новата година прва пристигна на јужнопацифичкиот остров Самоа и Божикните острови во Тихиот Океан.

OhridNews

фото:9news