Денес во Москва се одржа голема воена парада со која беа одбележани 73 години од победата во Втората светска војна.

На парадата присуствуваше државниот врв на Русија, ветерани и голем број на граѓани, а меѓу почесните гости беа претседателот на Србија Александар Вучиќ и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. На парадата присуствуваше и актерот Стивен Сигал.

Парадата започна рано изутрина, а првото обраќање го имаше министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, по што следеше обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин.

OhridNews