– Со организирањето на натпреварите во Пинг Понг, Шах, Атлетика, Одбојка и Фудбал го заокруживме проектот “Со спорт против лошите пороци за подобро здравје“. Ние професорите сме задоволни како го одработивме и спроведовме целиот проект. Одзивот и залагањето на дечињата, беа на големо ниво што ќе не потикне да продолжиме со организирање на вакви турнири. Родителите треба да извлечат поука од проектот, дека преку спортот дечињата ќе ги избегнат сите лоши пороци и ќе зачекорат по вистинскиот пат – рече координаторот на проектот, Јоне Станкоски.
Главениот виновник за проектот, професорот во Основното училиште Живко Чинго, Јоне Станкоски ја потенцираше важноста на ваквите турнири.
– Кај 70% од дечињата, дијагностицирано е искривување на р`бетниот столб. Ситуацијата станува аларматна, затоа преку вакви спортски манифестации тие треба да се тргнат од компјутерите и разните пороци кои се штетни по здравјето. Проектот не би бил успешен ако зад сето ова не стоеше локалната самоуправа, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, ние како професори, но и Ohridnews кој ги следеше сите наши активонсти – заврши Станкоски.