Преку размена на искуства со странски експерти и вмрежување со институции и поединци кои можат да бидат корисни за Охрид ќе се развива идејата за реализација на проектот OHRID GO. Општина Охрид и Стелар Солушнс денеска го презентираа проектот „Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)“ пред Ира Саул Рубенстеин, инвестициски консултант за иновации и обновливи извори на енергија, кој работи на проект за рехабилитација на голема поранешна индустриска зона во технолошки парк во Прага.
Овој проект се надевам ќе биде само почеток на тоа што како локална самоуправа го имаме во нашата агенда, а тоа е подобрување генерално на условите во Охрид, искористување на обновливите извори на енергија, намалување на загаденоста, нешто што е во фокусот и на самата Европска Унија и генерално во светот со оглед на тоа дека сведоци сме на кој начин енегренсите го диктираат нашиот живот. Се надевам дека ова ќе биде почеток на една агенда што Охрид ќе го претвори во „Зелен град“, рече Ѓоко Апостолов, претставник од ТЛЕР.
Денеска во рамки на проектот гостин имаме од Чешката Република, кој работи на проектот Праговка којшто е сличен со нашиот, односно адаптација на поранешна индустриска зона во капацитет каков што ние планираме да направиме во Охрид. На состанокот кај градоначалникот Кирил Пецаков стана збор и за дирекни инвестиции во областа на зелената енергија, кои се на ниво на идеја, а се надеваме дека ќе има можост да ги развиеме овие идеи и во Охрид, да сработиме нешто кое досега не било. Овие активности ги продолжуваме понатаму и само за два дена имаме уште еден гостин, така што во склоп на овој проект ќе се потрудиме да искористиме што повеќе искуство и знаење од луѓе кои веќе го имаат ова работено и на тој начин успешно да ги примениме.

По посетата на касарната и фактот што една генерација не го користела просторот воопшто може да биде искористено како предност на просторот, а истиот има голем потенцијал да се претвори во технолошки парк во кој бенефит ќе имаат технолошки фирми да носат поголема додадена вредност во локалната економија, рече Саул Рубенстеин.

Целта е да го возобновиме запуштениот дел на поранешните касарни, кои сега ги ставаме во функција да можат младите слободно да придонесуваат во форма на идеи, а ние во форма на менторства, едукации и разни други настани да ги поддржиме, со цел да можат успешно да ги презнетираат своите продукти на пазарот. Планирани се 20-тина настани во следните 2 години со луѓе кои може да понудат директна помош во реализација на идејата, дали финансиска поддршка или во форма на менторство. Очекувам позитивен искход во Охрид од развојот на оваа активност затоа што овој град го залужува тоа, има огромен потенцијал. Не гледам неуспех тука. Целата идеја е да го ставиме Охрид на мапа на дигитални номади. Сакаме не само да понудиме помош на нашата локална заедница, компании и на програмерите што работат фри ленс, туку и истите да ги поддржиме, рече Дескоски.

Насочен е кон активности со цел имплементирање на Зелен град, понатаму формирање на Старт ап центар во поранешната касарна, како и изработката на една генерална Физибилити студија за понатамошен развој на целиот комплекс на самата касарна во технолошко-рекреативна зона.
Во склоп на тие активности ќе се имплементираат и активности за она што е главната цел, намалување на загадувањето преку воспоставување на Смарт Сити бајк систем во Охрид каде ќе има некаде околку 60тина велосипеди кои ќе бидат поставени на 10 станици и ќе можат да се изнајмуваат со посебна апликација. Со ова ќе се придонесе за намалување на издувните гасови, на сообраќајната гужва посебно во летниот период и ќе се поттикне населението да вози велосипед. Исто така, предвидено е поставување на адреналински парк во самата касарна и Памп ап полигон односно полигон за акробатско возење на велоспеди, ролери итн.
Н.С.Ј.












