Со претставата Свадбата на „Итар Пејо“ од Бранислав Димитров, а во режија на Дејан Дамјановски, што ќе биде изведена вечерва во Центарот закултура „Григор Прличев“, започнува новата сезона на охридскиот Народен театар.
Улогите во претставата  ги толкуваат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ и Билјана Билаловиќ.
Претставата започнува во 20 часот, а цената на билетот е 100 денари.
OhridNews