Понеделник, 15- ти септември со свечен час за студентите запишани во прва година ќе започне новата 2014/2015 академска година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство. Свечениот час на УИНТ „ Св. Апостол Павле“ ќе почне во 8 часот, а на ФТУ во 11 часот.
На УИНТ „Св. Апостол Павле“ оваа година слободни места за запишување имаше 440, од кои 220 за редовни студенти, 110 редовни со кофинансирање и 110 места за вонредни студенти. Најголем интерес имаше за Факултетот за компјутерски науки и инженерство, Факултетот за информациони системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника, како и Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност.
На ФТУ вкупно можеа да се запишат 285 студенти, од кои 150 редовни, 85 со кофинансирање и 50 вонредни. Најголем интерес студентите покажаа за насоките Туризам и Царина и шпедиција, како и за насоката Гастрономија, исхрана и диететика.
OhridNews