Женскиот центар “ Бисера”, по повод Меѓународниот ден на мајката- 13 мај, организира свеченост со која ќе го одбележи денот.

Свеченоста ќе се одржи во просториите на ОУ Св. Климент Охридски, а свој настап ќе имаат училишните групи од сите основни школи во градов, како и децата од градинката “ Јасна Ристеска”.

Во рамки на свеченоста ќе се доделуваат и награди и признанија за најдобрите литературни и ликовни творби по објавениот конкурс на тема “ Мајка” .

Свеченоста која ќе се одржи во петок ќе започне во 18 часот.

OhridNews