Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“, денес, со пригодна свеченост, во присуство на бројни гости го одбележа патрониот празник.

Присутните ги поздрави Ректорот на универзитетот, проф. Д- р Данчо Давчев кој се осврна на постигнатите резултати, реализирани проекти и соработки со други високообразовни институции во текот на изминатиот период.

Како што беше кажано од страна на претставникот на Собранието на РМ, пратеникот, Александар Николоски, УИНТ „Св. Апостол Павле“ е еден од најнапредните унивезритети , најмлад во Македонија, но со  најголема перспектива во регионот.

Во рамки на денешната свеченост беа доделени и благодарници за исклучителна соработка, како и пофалници на студентите со највисок постигнат успех во текот на студирањето и особено покажани резултати.

Т.К.