Утре со бројни свечености ќе се одбележи Денот на „ Св. Кирил и Методиј“.

Ќе започнат во 11 часот со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на просветителите во градскиот парк.

Во 11 часот и 30 минути на градскиот плоштад, градоначалникот Александар Петрески на шеесетина ученици кои освоиле награди на државни и меѓународни натпревари ќе им врачи пригодни подароци.

Одбележувањето ќе заврши со културно- уметничка програма во која ќе настапат ученици од основните училишта и деца од детската градинка, а стихови ќе чита познатиот детски писател од Србија , Љубивоје Ршумовиќ. 

OhridNews