Во пресрет на празникот Свети Климент Охридски и годинава бројни охриѓани, претставници на општина Охрид, гости и делегации од збратимените и пријателски градови заедно се упатија кон Свети Климентовата црква Плаошник каде се одржа духовен час за духовната и просветната работа на Свети Климент.
Поворката ја предводеше градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој истакна дека со организираното одење кон црквата на „Плаошник“ се пренесуваат духовната порака на сплотување, а со тоа се изразува почит кон Светецот.
Меѓу учесниците во поворката беше и делегација од Краљево- Србија предводена од претседателот на собранието, Сретен Јовановиќ, која учествува во празнувањето во знак на благодарност за помошта на охриѓани при поплавите кои ја зафатија Србија и реализираните акции за санирање на штетите. Домаќин на гостите од Србија е акцијашкиот клуб „ Брег на младоста“- Охрид.
Настанот „Сите кон Свети Климента“ се одржува втора година по ред.
OhridNews