По повод претстојните празници, денеска во просториите на Црвениот крст од Охрид традиционално се оддржа коктел, на кој присуствуваа членови, волонтери, соработници и пријатели на оваа организација.
„Традиционално тоа е ден за забава и дружење, каде имаме можност да ги размениме сите позитивни искуства од тековната година и да видиме кои се следните активности кои ни престојат во иднина.“ – велат од ОО Црвен крст Охрид.
Оттаму на сите граѓани им ги честитаат претстојните празници, со апел да се избегнува користење на пиротехнички средства.
OhridNews