Вчера во атарот на охридското село Завој, со низа настани и верски обичаи се одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уте и како Голема Богородица.

Културната програма беше збогатена со настапот на Културно уметничкото друштво „Отекс“ пред црквата во атарот на селото посветена на „Св. Богородица.“

Пред бројните присутни, членовите на КУД „Отекс“ се претставија со традиционални охридски песни и игри, како и ора од егејскиот и источниот дел на Македонија.

Исто така, во црквата се оддржа и свечена богослужба по повод големиот христијански празник, а верниците беа послужени со традиционално приготвена храна и пијалаци.

O.T.