Во охридскиот Центар за култура „Григор Прличев”, со три монодрами ќе гостува Театарот на виното од Варна Р. Бугарија. На 29-ти октомври ќе биде изведена монодрамата Зорба, на 30-ти октомври среда монодрамата Савури и на 31-ви октомври четврток монодрамата Нушич. Почеток е во 20 часот.

Картите се пуштени во продажба по цена од 100 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

OhridNews