Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, во 19.00 часот на граничниот премин-аеродром „Св.Апостол Павле“ Охрид, при пасошка контрола, полициските службеници се посомневале дека 55-годишно лице од Арачиново, скопско, користи туѓа патна исправа.
Поради тоа, биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и била пронајдена лична карта од Косово на друго име. После тоа, лицето било приведено и предадено за понатамошна постапка.
OhridNews












