Недостаток на огревно дрво на што се жалат граѓаните, нема да има тврди владата. Проблемот според најавите ќе се решава со увоз.

-Бидејќи побарувачката е поголема Македонски шуми презема обврска евентуалниот недостаток го надоканади од увоз на дрва, активност која е координирана со Владата.- изјави денеска вицепремиерот Владимир Пешевски, при посетата на скопската општина Петровец. 

Тој истакна дека нема да има ниту корекција на цената на огревното дрво. Таа ќе биде иста како ланската и изнесува 2.370 денари за бука и 2.470 денари за дабот, вели Пешевски. 

-Цената е задржана исто ниво од лани па шпекулациите дека во текот на годината цената ќе оди на 3.500 денари се неточни. Цената на дрвата на „Македонски шуми“ и количините кои што ќе ги испорача, гарантираат едно стабилизирање и задржување на истото ниво од мината година. – рече Пешевски.

Тој посочи дека оваа година побарувачката на огрвно дрво била зголемена и „Македонски шуми“ до сега има испорачано 36.000 метри кубни повеќе во однос на лани.

OhridNews