На 21-ви јуни – Денот на Езерото, велосипедскиот Клуб Екодром по четврти пат ја организира традиционалната рекреативна обиколка на езерскиот брег со велосипед, која годинава ќе се одржи под мотото: ‘‘Заобиколи го Езерото, Почитувај го Езерото‘‘.
   
Оваа година овој традиционален настан во соработка со Црвен Крст Охрид, добива хуманитарна целина. Под мотото ‘‘Две тркала и едно срце за хуманост‘‘ партиципацијата во висина од 150 денари, која треба да ја уплати секој учесник за да се придружи на карванот на велосипеди, ќе биде наменета за помош на ранливите категории граѓани во општина Охрид.


Стартот е закажан за 11:00 часот, а претходно свои обраќања ќе имаат градоначалниците на Охрид, Поградец и Струга, кои и лично со велосипеди ќе учествуваат во дефилето низ охридските улици, со што симболично ќе биде означено отпочнувањето на проектот ‘‘Критична маса – велосипедистите во сообраќајот“.‘
 
Иницијативата за овој проект датира од 1992 година во Сан Франциско кога група од триесетина велосипедисти со дефиле низ градските улици го крева својот глас против возачите на моторните патнички и товарни возила. Овој настан прераснува во масовен при што се одржува еднаш во месецот, последниот петок во месецот. Денес оваа иницијатива масовно го преплавува целиот свет, а во Македониа повеќе од една година се реализира во Скопје, додека  велосипедистите од Тетово ќе го искажат своето незадоволство од непочитувањето на оваа категорија учесници во сообраќајот по трет пат овој месец.

OhridNews