Со свечено постројување, пригоден говор, рецитал, исполнување на песни и сплет на игри од фолоклорна група од Охрид викендов  се одбележа тригодишнина од  формирањето на огранок во Охрид на „ Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија“.


На свечаноста присуствуваа членови на Извршниот одбор на здружението од Скопје и претставници од ограноците во Тетово, Кичево и Струга. Средбата се искористи за состанок на претседателите на ограноците, за отпочнување со поактивна соработка на ограноците од Западна Македонија и планирање на заедички активности и средби.


Членовите на здруженијата се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини како : стрелање, пикадо, шах, скок во далечина и пинг понг. Гостите го посетија  Ј.Н.У. „Хидробилошки унститут“ во Охрид и се запознаа со процесот на вештачкиот мрест.


На оваа средба присуствуваа и здруженија од Охрид  како Сојузот на пензионери од Охрид, Сојузот на борци од Охрид, Здружението на телесни инвалиди од Охрид. Сите присутни беа почастени со традиционално војничко гравче.


Здружението на ветерани резервисти ја одбележа тригодишнината

OhridNews