Проектот за посредување при вработување, наменет за млади до 35 години со средно и високо образование е во полн ек. Целта на проектот е да се поттикне вработувањето на младите и да се воспостави врска помеѓу бизнис секторот и квалификуваниот кадар. Триесетина млади луѓе од градов веќе волонтираат еден месец (некои и подолго) во фирми и установи кои беа заинтересирани за вработување на соодветни кадри. Денес во малата сала на Општината се одржа работилница на која се одржаа неколку предавања, се разменуваа искуства и се даваа некои насоки за понатамошни активности за што поголема успешност на проектот.
Со волонтирање до работа
Да потсетиме, Проектот кој започна минатата година, во ноември, со цел посредување при вработување е финансиран од УНДП Македонија и владата на Кралството Норвешка. Во тек е втората фаза од проектот во траење од три месеци (волонтирање), а од организаторите, Секторот за економски развој, дознаваме дека интересирањето на фирмите за вработување на кадри било поголемо од очекуваното.
Дел од предавањето. Ана Маневска – координатор
Најмногу пријавени кандидати има со завршен Факултет за туризам (неповолен однос во поглед на побарувачката, многу пријавени – малку работни места), а најмалку од техничките и машинските струки (факултети).
„Не можеме да загарантираме некому сигурно вработување, но ќе сториме се` на волонтерите да им помогнеме најдобро да се претстават, да се вклопат и да покажат добри резултати на потенцијалното работно место со што би ги зголемиле шансите за свое вработување“, меѓу другото изјави Александар Гумберовски, проект менаџер.
Проектот завршува во јуни оваа година и за да биде успешен потребно е најмалку 16 волонтери (од 30) да засноваат некој вид работен однос со фирмата (установата) во која волонтираат.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 0,50 ден/лит, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1)...
Забраната за употреба на вода за пиење во Струга продолжува, додека дозволена е да се користи како техничка, информираат надлежните Од ЈП Водовод и Канализација Струга денес посочуваат дека граѓани...
Заштитата и обновување на екосистемите, зачувување на биолошката разновидност, како и промовирање на одржливи практики се во фокус на активностите кои ги реализира организацијата „Биодиверзитет за ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.