Нецел месец откако беше ставен во функција кружниот тек во близина на спортскиот центар „Билјанини Извори„ и откако Ј.П.„Охридски Комуналец„ хортикултурно го уреди просторот, деновиве истиот е делумно оштетен од страна на непознати сторители.


– Најверојатно со џип поминале низ тревната површина, при што е уништено сезонско цвеќе и неколку украсни дрвца, а исто така се искршени и неколку украсни ќупови. Нашите екипи веднаш ги санираа штетите и засадени се нови садници, но се прашуваме каков впечаток ќе остави овој немил настан кај многубројните туристи, велат од јавното претпријатие.


Оттаму апелираат надлежните да преземат мерки за пронаоѓање на сторителите.

OhridNews