Изминатиот викенд, на граничниот премин Белановце било приведено 42- годишно лице од Скопје, поради вршење на кривично дело “криумчарење на мигранти“.

Имено, на локалниот пат Куманово-село Ваксинце, од страна на гранична полициска патрола, поточно во близина на железничката пруга на излез од село Речица, биле забележани две возила – “Опел Омега“ со охридски регистерски ознаки и “Сеат Толедо“ со скопски регистерски ознаки кои застанале да истоварат патници. Кога се доближиле полициските службеници да извршат легитимирање над истите, возачите почнале да бегаат оставајќи ги возилата и патниците. При легитимирање на патниците утврдено е дека се работи за 14 лица мигранти од Пакистан од кои тројца побегнале, а 11 се сместени во Скопје.

OhridNews