Двајца штипјани загинаа во сообраќајна несреќа која се случи вечевра после 19 часот во близина на месноста Четврти километар на патот Штип-Радовиш, јавува „Телма“.

Двајцата загинати се вработени лица во Казнено поправниот дом Штип.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила околу 19 часот кога возилото излетало од коловоз и паднало во реката Брегалница. 

OhridNews