Синоќа, вработени од „Адора Инженеринг“,  „Охридски Комуналец“ и „Охридско лето“ во ноќните часови, спроведоа акција за собирање на отпадот кој остана на Античкиот театар по завршувањето на концертот на „Перпетуум Џезиле“.

Со заедничката акција за чистење по настапот, спонзорите и помагателите  на фестивалот дадоа уште една подршка на оваа, најголема музичко сценска манифестација, овојпат на денот на нејзиниот роденден.

 Иницијаторите  на акцијата, „ Адора Инженеринг“ и  „Охриски комуналец“ велат дека ваквата иницијатива е со цел да се подигне свеста кај граѓаните и грижата за чување на културното наследство и животната средина преку поддршка на културата.

OhridNews