СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(17) и Ч.Р.(18), двајцата од Охрид за сторено кривично дело „изнуда“.

На 08.06.2009 година, околу 16,00 часот, во Охрид  пријавените откако се довеле во алкохолизирана состојба,  пресретнале 14 годишник од Охрид и упатувајќи му закана по неговиот живот му одзеле златен синџир, по што истиот го продале во златарница за износ од 1.800 денари.

извор: МВР

Ohridnews