Цената за автоматското пријавување годишна даночна пријава граѓаните ќе ја платат со укинувањето на банкарската тајна, jaвува „Телма“.

Ќе се следат уплатите, исплатите, но и депозитите на секој оној кој има трансакциска сметка во некоја од макеоднските банки 24 часа на ден. До сега со постоечките закони тоа се правело еднократно со писмено барање, сега работата на куририте ќе се замани со електорнски софтевер. Од управата велат дека информациите ќе бидат заштитени и ќе се користат наменски.

Сепaк, одговор нема за можни сценарија за злоупотреба на податоците доколку софетврот е нападнат или инфорамциите паднат во трети лица. Токму ваквите сомнежи се причина Асоцијацијата на банки остро да реагира:

„Увид во трансакциските сметки на клиентот претставува директна повреда на неговата приватност, навики, начин на живеење, со што може да се направи непоправлива штета доколку податоците бидат доставени до трети неовластени лица или бидат објавени во јавност. Ова може негативно да влијае на довербата на граѓаните во банките, која макотрпно се гради последниве 20-тина години“ – велат од Македонската асоцијација на банки.

Пред да влезе во процедура во законот треба прецизно да се утврди чувањето и уништувањето на ваков тип податоци. Предлагач на законот е министерството за финансии кое има намера да овозможи пристап до овие инфорамции и на царинската управа, но не преку софтвер туку со писмено барање, објави „Телма“.

OhridNews
извор: „Телма“